ЦЕЛАТА АФЕРА ,,РЕКЕТ” БИЛА ИЗРЕЖИРАНА ОД ГРУЈО! Авторот од „Ла Верита“ е поранешен советник на Груевски!

0
3539

Весникот „Ла Верита“, кој ги објави снимките, меѓу другото, и од разговор меѓу Јордан Камчев и Боки 13, во кој се имплицира вмешаност на специјалната обвинителка Катица Јанева во случајот „Рекет“, важи за близок до есктремнодесничарската партија Лига, која ја предводи актуелниот министер за внатрешни работи, Матео Салвини. Во него во континиутет се објавуваат информации со кои се атакува на сите што размислуваат поинаку од Салвини, Орбан, Јанша, Ле Пен и од останатите претставници на радикалната десница, пишува „360 Степени“.

Салвини и унгарскиот премиер Виктор Орбан многупати во изминатиот период го демонстрираа политичкото сојузништво. Орбан изјавуваше за Салвини дека е негов политички херој (за разлика од Макрон кого го смета за непријател) и дека е„најважниот политичар во Европа“.

Италијанскиот вицепремиер Матео Салвини има врски и со рускиот претседател Владимир Путин. Неодамна беше објавена снимка од негови соработници кои во Москва преговараат план со кој Русија пред европските избори треба финансиски да ја помогне крајната десница, вклучувајќи ја и партијата на Салвини, со цел да се поткопаат либералните демократии и да се формира „нова Европа блиска до официјална Москва“.

КОЈ Е АВТОРОТ НА ТЕКСТОТ

Инаку, авторот на текстот Лорис Гајсер е Словенец со италијански пасош. Тој е претседател на Паневропското движење на Словенија, дел од претседателството на меѓународната Паневропска Унија. Заедно со него, во претседателството на оваа организација е и доскорешниот македонски амбасадор во Брисел, Андреј Лепавцов и советник на поранешниот премиер Никола Груевски.

На парламентарните избори во 2011 година Гајсер бил кандидат на изборите за десничарската Словенечка људска странка.

Повеќе на „360 Степени“ на следниот линк.