Цветанов : Зошто ДПМНЕ во преговорите за новиот закон за Јавно обвинителство, инсистираат да пропаднат сите предмети за СЈО?

0
1400

ДПМНЕ усти не затворија за случајот Рекет. Рекет ќе се реши до крај без разлика на нивното џавкање. А џафкаат за да дефокусираат од важна тема.

Нека кажат, ЗОШТО ВО ПРЕГОВОРИТЕ ЗА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО, ИНСИСТИРААТ ДА ПРОПАДНАТ СИТЕ ПРЕДМЕТИ ОД СЈО?

Ако се залагаат за правна држава, нека се фокусираат на градење на механизам за контрола на квалитетот на предметите, па нека завладее правото еднакво за сите. Еве нека предложат формирање на комисија за преиспитување на Обвинителни акти:

1. Од СЈО
2. Од времето на режимот.

Па нека се стави црта и да се расчисти, што држи а што не држи. Но не го сакаат тоа затоа што и во двата случаи ќе испливаат на виделина нивните злосторства.

После ваквиот однос на ДПМНЕ,
Како да им веруваат граѓаните на нивните очајни пресконференции, кога токму ДПМНЕ ИНСИСТИРА ДА СЕ ЗАКОПА ПРАВДАТА, ПРЕКУ ЗАКОНСКО ЗАТВАРАЊЕ НА СИТЕ ПРЕДМЕТИ ОД СЈО?
ДПМНЕ безобразно бара да НЕМА одговорност за никого, за сето она што го слушбавме во бомбите.

Имаат ли трошка срам?

Имаат ли барем малце образ?

Со кое лице се појавуваат на прес-конференции, кога тие самите станаа официјални и јавни заштитници на криминалот?

Згора на се, со ваквата ГНАСНА УЦЕНА ГО КОЧАТ ДОБИВАЊЕТО НА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ.

Фејсбук статус на Ване Цветанов