Царовска: Преку Младински додаток сите млади до 23 години кои работат во производство ќе добиваат дополнителни 3.000 денари за повисока плата

0
827

Долги години младите и останатите кои работеа во производство беа деградирани и имаа ниски плати. Како одговорна партија сметаме дека производството треба да ја движи економијата и преземаме конкретни мерки да ги вклучиме младите во тие дејности но и да ги покачиме платите. Имаме низа на мерки, ги покачуваме платите во сите сектори и субвенционираме раст на платите. Во таа насока е нашата најнова мерка за дополнителни 3.000 денари за младите, за повисоки плати. рече Царовска.

Преку мерката младински додаток сите млади до 23 години кои работат или ќе работат во производство, на плата, ќе добиваат дополнителни 3.000 денари со платен данок, директно на нивните сметки, истакна Царовска.

Според последните информација досега 4.100 лица се евидентирани и ќе добијат младински додаток.