ХРОНИКА ЗА УБИСТВОТО НА МАЛЕЧКАТА ТАМАРА ОД СТРАНА НА ЗДРАВСТВОТО ОД ТОДОРОВ : Тамара ја одбивале трипати, а роднини на владини функционери експресно добивале пари

0
1362

Текстот е објавен на 13 февруари, 2015 година во неделникот „Фокус“ во бројот 1010

Пишува: Ирена МУЛАЧКА

Син ми умре! Умре, чекајќи да замине на операција во странство. Умре затоа што не успеваме да собереме 120.000 евра, кои можеби ќе му помогнеа да остане жив и да биде со своето семејство. Надлежните институции не се потресоа за случајот, го отфрлија барањето за негова операција во странство и тој умре. Не можеше да ја издржи долгогодишната битка со болеста.

Ме боли срцето што не го спасив своето чедо. Но, затоа, еве, си седам на кејот на реката Вардар, зад мене свири тивка музика, а пред мене спомениците на Александар Македонски, Цар Самоил, Гоце Делчев, Даме Груев, тука се и жалните врби и уште еден куп други споменици на плоштадот. Важно Владата остварува, луѓето демек работат цело време. А, тоа што листата на луѓе кои чекаат на милост од државата за лекување во странство се зголемува не е важно, важно е дека треба да се трошат милиони евра за споменици, фонтани и за спортски објекти неопходни за човек да се чувствува среќен.

Ова тажно, но иронично писмо, полно со гнев, пред повеќе од две години до медиумите го испрати револтиран родител, кој го изгубил својот син. Тој побара од новинарите да не се објавува името на неговото дете, бидејќи никој не му помогнал додека бил жив, а сега барем нека почива во мир.

Целиот текст ќе го прочитате овде ОВДЕ