Хроника за пожарот во Македонски Брод

0
3562

Почитувани,

Веке неколку дена Македонски Брод е во центарот на вниманието во РМ заради пожарите кои беснеат на нејзината територија. НО, пожарот во оваа општина трае веќе 12 години!? После 20 години, од далечната 1997 година неколку дена престојував кај мои роднини во Македонски Брод. Се запрепастив од она што го видов во градот Македонски Брод. Мислев дека патувам со временска машина во минатото. Пустош, затворени фабрики, празни улици и само кучиња скитници.

Таа 1997 година на спортските терени во гимназијата вриеше од млади луге, мал фудбал, баскет на двата коша, одбојка и се со чекања од 3-4 следни се играше. Денес, само зарастени со трева и празни терени. Нема кој да игра?! Навечер кафулињата беа преполни од млади луѓе. Македонски Брод беше омилена дестинација за многу кичевчани.

Градскиот базен беше преполн, и дење и ноќе.Денес, е вака:„ Нема луге, младите си одат и не се враќаат, пред 20-тина години само градот броеше 5.500 жители, а денес нема ни 2.000“- ова е коментарот на тие што останале. Фабриките во кои работеле над 2.000 луѓе и тие се испустени (Сувенир, ЕМО, Чевларата, Печатницата, Монополот, Црн Бор и Конфекцијата) А, тие малубројните што останале сите се знаат или се роднини, пријатели или партиски противници, но сите се замислени за нивната иднина.

Пропаста на оваа општина сите ја поврзуваат со владеењето на актуелниот градоначалник и неговата тајфа. А, тој како Итар Пејо си поигрува и со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ, па еднаш од едната, па од другата партија веќе три мандати без проблем си ги добивал изборите. Општината е рекордер по број на вработени во државата, но и во Европа.

Градоначалникот до толку ги потценува граѓаните што во општината вработил дури седум цвеќарки иако во градот има едвај 20-тина цвеќиња во центарот на градот и двајца фотографи без фотоапарат. Локалниот економски развој го развива негователка за предучилишен престој па затоа толкав развој во рикверц има оваа општина. Во локалните институции директоруваат В.Д. директори со по 3-4 мандати.

Средното училиште го претвориле во дувло на неморал (професори меѓу себе, заведување на ученици) па затоа едвај по 30-тина ученици се запишуваат во година. Основното училиште е претворено во приватна своина на директорот и дувло на непотизам (си ги вработил ќерката и зетот, а претседателите на УО си вработувале по 2-3 роднини). Комуналните претпријатија немаат земено по 5-6 месеци плата, а најголемиот должник е токму општината. Лажната воена фабрика од предизборието никако да почне.

Сите овие работи што ги изнаслушав во десетина реченици ги сублимирав и ги напишав. Туку, си размислувам што народ се моите роднини и сите Поречани? Како дозволија три пати да бидат прелажани од ист човек. Се прашувам има ли интелегенција во Македонски Брод, што прават учените луѓе?

Ова е нивен најголем пораз, бидејќи нинвните куќи се празни. Единствено интернетот им остана да ги видат и слушнат своите деца и внуци. Можеби после 20 години повторно ќе се спортува на игралиштата во Гимназија, а некоја фабрика повторно ќе проработи. Се надевам дека градчето од мојата младост ќе го преживее овој голем пожар!

Видески Милан, Германија