ХРОНИКА ЗА ИТАЛИЈАНСКИТЕ КУРТОНИ – КОЈ Е УРЕДНИКОТ НА „ЛА ВЕРИТА“: КОНТРОВЕРЗЕН НОВИНАР СО БРОЈНИ ПРЕСУДИ ЗА КЛЕВЕТИ И ЛАЖНИ ВЕСТИ?

0
1246

Весникот „Ла верита“ кој во Македонија се прослави со објавување на аудио и видео материјали поврзани со случајот „Рекет“ на позицијата главен уредник има контроверзен новинар во ликот на Маурицио Белпјетро.

Од локални медуими во родната Бреша, до презентер на италијанската телевизија Канал 5, па се до угледната „Панорама“, кариерата на Белпјетро е исполнета со низа контроверзи и судски случаи против него.

Весникот „Ла верита“ излегува за првпат во 2016 година. Весникот е во споственост на „Ла верита СРЛ“ друштво со органичена одговорност, каде што не се знае потеклото на основачкиот влог, проценет на 2 до 3 милиони евра.

Зад името на уредникот на „Ла верита“ врзани се низа судски случаи и правосилни казни.

Во 2009 година, Белпјетро е правосилно осуден за клевета на доктор во случајот на познатиот италијански активист, уметник и политичар Пјерџорџо Велби. Истата година, тој е под истрага во Јавното обвинителство во Рим за клевета и навреда на тогашниот Претседател на Италија, Џорџо Наполитано.

Во ноември месец во 2009 година заедно со Роберто Сандало (поранешен член на паравоената организација Прима Линеа) е осуден за клевета и претставување на лажни и измислени информации како вистински, односно пренесување на интервју на Сандало во кое клеветат луѓе за напади на верски објекти и убиства.

Во јули 2011 година, Белпјетро повторно е предмет на истрага, овојпат на Јавното обвинителство во Милано за изречена тешка клевета и навреда на претседателот на Италија, Џорџо Наполитано.

Во 2015 година, Белпјетро заедно со неговиот колега Џанлуиџи Нуци е осуден на 10 месеци и 20 дена домашен притвор за тешка навреда.

Ова се само дел од бројните скандали на Белпјетро, контроверзниот новинар и уредник на „Ла верита“ весник кој промовира десничарска идеологија. Од јавно достапните информации лесно може да се заклучи дека Белпјетро свесно шири дезинформации и лажни вести за што е неколкупати осудуван, а неговиот ангажман честопати освен новинарски е и дневнополитички, преку директни напади кон неистомислениците.