ХОТЛАЈНЕРКАТА Јанкуловска со Митко Чавков се консултира во врска со Законот за следење на комуникации : Ако не ни пројде, ќе ни колабира системов

0
1077

Jankulovska

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Митко Чавков

МЧ: Ало?
ГЈ: Ало, Мите добро вечер, како си?
МЧ: Добро вечер министерке. Добар сум, подобар.
ГЈ: Добро, не е многу доцна.
МЧ: Ако, ако не е проблем.
ГЈ: Не спиеш волку рано.
МЧ: Не е проблем.
ГЈ: А бе слушај, викам ај да се преслушам уште еднаш. Сега со директорот Сашо зборевме, ама друго е повеќе луѓе кога ќе чујам, покомотен е човек.
МЧ: Така.
ГЈ: Околу Законот за следење на комуникации. Нели сега се договараме со комуњариве, преговараме, разговараме, некако да направиме да пројде, на не ни се закочи целава работа…
МЧ: Добро.
ГЈ: Околу надзорот, комисијата…
МЧ: Така.
ГЈ: Сега они прифатија целиот отој став кај што викаат без најава и во полн состав се брише, да го избришеме.
МЧ: Добро.
ГЈ: И практично тоа значи дека Комисијата ќе донесе одлука со мнозинство гласови…
МЧ: Исто е…
ГЈ: И ќе не извести и кога ќе речеме, ќе дојде.
МЧ: Така.
ГЈ: Како сега што е де факто.
МЧ: Значи они се за да се избрише тој став.
ГЈ: Е па не, сега тоа е компромисот.
МЧ: Аха. Добро.
ГЈ: Они се за да се избрише „полн состав“…
МЧ: Полн состав…
ГЈ: Ние сме да се избрише „без најава“…
МЧ: Добро.
ГЈ: И сега за да мрднеме, а тој став е со овие два сегменти
МЧ: Аха.
ГЈ: Заа да мрднеме некако, викам ај нека се избрише целиот став од членот.
МЧ: Да. Па мислам дека е добро.
ГЈ: Па и ја мислам дека е добро. Му се јавив на директорот.
МЧ: Да.
ГЈ: Он вика: А бе ако мислиш ти дека е добро, океј. Пошто излезен беше човекот, сегаа го нема Законот пред него…
МЧ: Така, така. Јас го знам тоа.
ГЈ: И вика: ако мислиш ти дека е океј, океј. А ја, вака мислам дека е во ред. Ама викам чекај да чујам уште некој, знаеш.
МЧ: Мислам дека е океј, и јас.
ГЈ: И ја мислам. Оти тој член, 36-а фактички што го додадовме е тоа…
МЧ: Така…
ГЈ: Дека е во полн состав и без најава, а се носи…а они додаваат дека се носи одлуката со мнозинство гласови.
МЧ: Да.
ГЈ: Инаку они сега имаат право во претходниот член стои дека имаат право да контролираат, имаат пристап до…
МЧ: Така, така, така…
ГЈ:…опремата и средствата за следење на комуникациите.
МЧ: Така, Комисијата ја водат они.
ГЈ: Да де, ама тоа е тоа. Но ова значи дека они ќе донесат одлука и ќе го известат или министерот или директорот, сега, кого и да го известат. Па ние им кажуваме дојдете тој и тој ден, тогаш.
МЧ: Така.
ГЈ: И нормално, они се мнозинство, ќе дојдат, ќе речат: Ааа, се прислушкува цела држава. Ние ќе речеме не се прислушкува. И толку.
МЧ: Така. Мислам дека може.
ГЈ: И толку ќе биде.
МЧ: Мислам дека, да, да, може.
ГЈ: Оти тоа би бил компромисот.
МЧ: Да, да, да.
ГЈ: И тоа со 28…48 што ми рековте дека може да им го прифатам, ќе им го прифатам и друго…
МЧ: Тоа комоцијата си ја нарушуваме ние, но може тоа да го направиме.
ГЈ: Абе сега, види, точно, ама мораш некако, ако не ни пројде, ќе ни колабира системов.