Хилари Клинтон победник на последните партиски избори кај демократите во САД

0
1234

Хилари Клинтон победи на последните внатрепартиски избори за кандидат на Демократската партија за претседател на САД, кои синоќа беа одржани во Вашингтон.

Со тоа Клинтон ја заврши долгата трка за гласови на делегатите од својата партија.

Победата над сенаторот Берни Сандерс е повеќе симболична бидејќи уште од минатата недела Клинтон обезбеди доволен број гласови официјално да биде прогласена за кандидат на демократите за претседател на САД на партиска конвенција во Филаделфија следниот месец.

Клинтон освои 78,7 отсто гласови во Вашингтон, покажуваат прелиминарните резултати врз основа на 65 отсто преброени гласови.

Пред затворањето на гласачките места во Вашингтон, Сандерс вети дека ќе направи се што може да го спречи најизгледниот републикански кандидат Доналд Трамп да влезе во Белата куќа, но одби да ја поддржи Клинтон.