ХВАЛА ВАМ ПУНО БРАЧО ХРВАТИ : Хрватска гласаше „за“ влез на Северна Македонија во НАТО

0
1379

Хрватското Собрание, со 116 гласови „за“ и два „против“ го потврди протоколот на Северноатлантскиот договор за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, со што Хрватска стана една од првите држави што го ратификуваа влезот на земјава во северноатлантскиот воено-политички сојуз.

Гласањето го следеше висока државна делегација од Северна Македонија предводена од заменик-претседателката на Собранието Фросина Ременски. Претседателот на хрватското Собрание Гордан Јандроковиќ им честиташе на потврдениот протокол за влез во НАТО и најави дека хрватската влада ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон членство во ЕУ.

-Ѝ честитам на Република Северна Македонија на членството во НАТО и можам да ви кажам во име на пратениците и пратеничките кои ја поддржаа денешната одлука дека Република Хрватска ќе ве поддржува на патот кон ЕУ, рече тој.

Извор : 1ТВ