Ха ха ха … Уште една РЕЖИМСКА КОКОШКА по крвавиот четврток СЕ ПОБОЛУВА за да не ја откријаат какви срања во МВР има направено – Смена во Секторот за внатрешна контрола на МВР, Станчевска се разболе!

0
3577

Помошник министерката за внатрешна контрола и професионални стандарди во МВР, Анета Станчевска, веднаш по насилните протести во Собрание заминала на боледување. На местото на Станчевска министерот Агим Нухиу го назначил Дејан Андонов, и сега тој раководи со секторот кој ја испитува злоупотребата на професионалните стандарди на вработените во полиција.

Информацијата на НОВА ТВ ја потврдија од МВР од каде ни одговорија: „ Почнувајќи од 3 мај, д-р Анета Станчевска, помошник на министерот за внатрешна контрола и професионални стандарди,поради здравствени причини користи боледување“.

Анета Станчевска ја напушти функцијата во време кога овој Сектор ја испитува улогата на припадниците на полициските сили кои на „црниот четврток“ на 27. април ја злоупотребиле службената положба и постапиле спротивно на законот.

Ова не е прв пат Станчевска во најкритичните моменти во полицијата да замине на боледување. Истото го стори и за време на изборите лани во декември, кога на чело на МВР беше министерот од СДСМ, Оливер Спасовски. И тогаш на нејзино место беше поставен Андонов, а Станчевска четири месеци отсуствуваше од работа. Овој пат не е познато колку време ќе остане на боледување.

Анета Станчевска е помошник министер за внатрешна контрола и професионални стандарди од 2008 година. Нејзиниот глас се слушна во една од „бомбите“ што ги објави СДСМ поврзана со изборни измами и улогата на полицијата во изборите. Тогашната министерка, Гордана Јанкулоска, и шефот на кабинетот на екс премиерот  Никола Груевски, Мартин Протуѓер, се договараат да земат неколкумина полицајци и во предизборието и на денот на изборите да бидат во Охрид. Протуѓер ја замолува Јанкулоска да „замижи“ дека вработени во МВР ќе ги носи во Охрид. Јанкулоска подоцна и нагласува на Станчевска, при постапување на Секторот за внатрешна контрола за овој случај со зборовите „нашите да бидат чисти“

Разговор меѓу Јанкулоска и Станчевска

ГЈ: За тој случајот што е у Охрид, што постапувате, гледајте нашиве да бидат ок, чисти таму.

А: Да, да, да. Да, да, нормално.

ГЈ: Добро, добро. Да не згреши некој таму, па после да ја оправаме.

А: Никако нема грешки, се знае, нашите мора да бидат чисти.

По објавување на оваа „бомба“, на 10 март 2015 година, се огласи Хелсиншкиот комитет кој обелодени дека до нив стасала претставка од граѓанин од Охрид кој за време на локалните избори во 2013 бил малтретиран од „барабите“ на Јанкулоска.

Хелсиншкиот комитет се обратил во Секторот за внатрешна контрола во МВР барајќи информација за случајот. Оттаму им одговориле дека немало пречекорување на службените овластувања на полицајците, и дека примената на физичка сила во случајот била неопходна бидејќи оштетениот ги нападнал припадниците на единицата Алфи.

НОВА ТВ дознава дека едно од лицата, кое во разговорот Јанкулоска и Протуѓер го нарекуваат брат му на Мацко, минатата недела добил отказно решение од МВР. Но, не поради злоупотреба на службената положба, туку бидејќи преку судска постапка е докажано дека станал помошник началник на единицата „Алфи“ со фалсификувана диплома од средно образование. Според информациите на НОВА, во Секторот за внатрешна контрола за случајот е отворен предмет уште во 2012 година, но дури минатата недела на лицето му е врачен отказ.

jankuloska

Секторот за внатрешна контрола на чело со Станчевска исто така застана зад раководството на МВР за време на акцијата во „Диво насеље“ во Куманово.

  • „Акцијата на полицијата во кумановската Дива Населба била извршена според утврден план, а преземените дејства се основани, оправдани и правилни, како и дека приведувањето на лицата во акцијата било согласно законските норми“.

Судскиот процес за оваа акција во која загинаа осум припадници на полициските сили се уште отвора нови и нови контроверзии, за начинот на кој беше реализирана и можната вмешаност на високи полициски функционери во заткулисни игри со членови на терористичката група кои беа ликвидирани и уапсени.

9B17F885-8F8F-4E2D-B6F2-4B5902BCDA2A_cx0_cy18_cw0_w1023_r1_s-768x432

Покрај многуте отфрлени претставки од Секторот за внатрешна контрола, посебно треба да се нагласи, претставката на Здружението на новинарите на Македонија за прекумерна употреба на сила на полицијата врз новинарите за време на случувањата во Собранието во 2012 година при носење на буџетот која беше оценета како неоснована. За потсетување пред неколку месеци Судот за човекови права во Стразбур донесе пресуда во корист на новинарите и и наложи на државата да им исплати оштета бидејќи се прекршени  членот 10 и членот 6 од Европската конвенција за човекови права.

Извор : НоваТВ