Хашим Тачи до Груевски: Сопрете го насилството врз уапсените

0
1228

has-500x320

Косовскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Хашим Тачи побара од македонските власти да го сопреат насилството над уапсените Албанци од Косово по вооружените судири со безбедносните сили во Куманово, објави поралот Albeu.

„Затворениците треба да бидат третирани согласно меѓународните стандарди. Репресивниот режим на Груевски треба да прекине со физичко насилство над нив. Проблемот не е во Куманово, проблемот е во Скопје. Проблемот е политички, а не е меѓуетнички“, рекол Тачи.