„Хафингтон пост“: Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и партнерите доведе до најголемата поларизација на целото општество

0
977

Под наслов „Креативна деструкција во Македонија“, „Хагингтон пост“ пишува за кризата која ја зафати Македонија, наведувајќи дека „бомбите“ секогаш асоцираат на уништување, пренесува МКД.мк.

Концептот на „креативна деструкција“, кој беше создаден од економистот Џозеф Шумпетер во 1942 година, се чини дека во голема мера е применлив за политичката ситуација која што се развива во Македонија во текот на изминатата година или две, пишува весникот.

Ни малку ненамерно, владејачките елити во Македонија се ангажирани во трајни домашни политизирања кои до сега резултираа со социјална и политичка деструкција која доаѓа со потенцијал за креативен социјален и политички инженеринг и најверојатно, појавата на нешто ново.

Македонија се наоѓа во постојани политички промени, комплексност и несигурност со големина која досега не е видена во нејзината понова историја. Се разбира, таквата политичка и социјална средина создаде длабоко чувство на вознемиреност меѓу обичните луѓе во Македонија. Се чини дека никој не знае што следува натаму и како ќе се реши политичкиот ќор-сокак и целата збрка.

Целиот текст ОВДЕ