ХАН ШОКИРАН ОД ВМРОВЦИТЕ КОИ ПО ФЕЈСБУК ИСПРАТИЛЕ ЗАКАНА ЗА КУРШУМ ВО ГЛАВАТА НА ПРЕМИЕРОТ, ЗАЕВ СЛУЧАЈОТ ГО ПРИЈАВИЛ

0
1152

Премиерот Зоран Заев вчера од собраниската говорница информира дека ја пријавил заканата, која во порака на социјалните мрежи била напишана во коментар по пресот со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

“Само куршум за тебе копиле, кој со мерак ќе ти го свирнам без око да ми трепне”, гласела пораката која Заев ја прочита од својот мобилен телефон пред пратениците во Собранието, појаснувајќи оти коментарот во порака му го испратила неговата ќерка.

Тој додаде дека се знае идентитетот на човекот кој коментирал и ако законот утврди одговорност тој треба да си ја сноси.

Премиерот ова го кажа одговарајќи на пратенички прашања поставени од пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласковска, кои меѓу другото се однесуваа на четири случаи на мобинг. Премиерот рече дека случаите кои ги изнела пратеничката ќе бидат проверени и додаде дека најмалку со една третина од институциите се уште раководат истите кадри од ВМРО-ДПМНЕ.