Хан твитна од авионот на пат кон Скопје: Почитувајте го мнозинството и не подгревајте тензии! И смирете ги Бетмен Голтат и Дамовски да не ги подбере Бондстил од базата во Косово!

0
2109

Еврокомесарот Јоханес Хан, на пат кон Скопје преку Твитер испрати порака до македонските политичари.

-На пат кон Скопје, Јоханес Хан, Едуард Кукан, Кнут Флекенштајн, Иво Вајгл порачуваат: почитувајте ја демократијата и мнозинството во парламентот. Не подгревајте меѓуетнички тензии – твитна Хан.

Инаку, еврокомесарот во текот на денот ќе се сретне со лидерите на политичките партии. Единствено, него го „извиси” претседателот Ѓорге Иванов, кој уште е на пат, а како што информираа од неговиот кабинет, се што имал веќе му кажал на Хан и останувал на ставот дека не го дава мандатот без отфрлање на албанската платформа.