Хан: Мора да има чист избирачки список за да се одржат избори кои ќе бидат прифатени од меѓународната заедница

0
1056

Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан во ексклузивното интервју за Радио Слободна Европа, меѓу другото, оцени дека договорот од Пржино има иднина. На прашањето дали договорот од Пржино се уште има иднина и покрај протестите во Македонија, еврокомесарот Јоханес Хан изјави:

– Има. Направивме искуство кога вообичаено сите различни рокови беа исполнети како што првично беа договорени, или малку подоцна. Затоа финалната битка е да има избори. Но, јас мислам дека она што е важно е да се одржат избори кои ќе бидат прифатени од меѓународната заедница. Тоа значи дека мора да има чист избирачки список, мора изборите да бидат без заплашување кандидати, партии, лица. Тоа е она што е важно во моментов.

Тој додаде дека исто така е важно да се зачува евроатланската перспектива и оти во моментов изгледа дека различните политички партии се способни да постигнат согласност сами. Притоа, како што рече, ЕУ е подготвена да го олесни тоа.

Хан во врска со можноста поради мигрантската криза да нема проширување на Европската унија до можеби 2029 година изјави:

– Јас би рекол дека сегашниот бегалски или мигрантски бран е нешто што не погодува сега. И никој не верува дека ќе има каков било вид на проширување во следните две или три години, затоа што земјите кандидатки не се, така да се каже, доволно зрели за проширување. Но, сегашната бегалска криза, можам да кажам, откри некои културни разлики кои уште постојат меѓу земјите членки на ЕУ и тука треба нешто да направиме. Европа е изградена врз солидарност и ние треба да соработуваме а не да се исклучуваме едни со други.