Фуере и Ванхауте: Нема услови за избори на 5 јуни, Иванов да ја повлече аболицијата

0
998

Она што се случува во Македонија е опасно не само за иднината на демократијата во земјава , туку и во целиот регион, тврди поранешниот медијатор во преговорите Питер Ван Хaуте, пренесува Телма.

Не може да зборува за шансите за повторни средби, но категоричен е дека прво мора да се се создадат услови за фер и демократски избори. Тука е вели и проблемот со аболицијата.

Според Ерван Руере, поранешен евроамбасадор во земјава инсистирањето на избори во вакви услови уште повеќе ќе ја влоши кризата во Македонија.За него аболицијата која ја прогласи претседателот Иванов е целосно без основа бидејќи порачува дека претседателот е над законот.

13152678_10156820268940368_1982205436_n-670x447

Во ваква ситуација време е за промени, вели Фуере кој ја истакна својата подршка за протестантите. Време е и галсно да се проговори, оцени Ван Хауте бидеќи според него, не треба да молчат ни граѓаните, но ни дипломатите токму за молчењето како злострорство зборуваа и останатиет говорници на третиот Tribunus Civilis.

Според Фрчовски, интелектуалците и институциите прават огромна грешека бранејќи го својот комодитет не зборувајќи за диктатурата во сите сфери на општеството.

Овој режим ни одзеде 10 години од творештвото, рече режисерот Слободан Унковски. За него е исто така неприфатливо молчењето на неговите колеги, кои во интерес на неколку добиени проекти молшат пред сето она што се случува во културата.