ФСП: Владата да прекине да ги лаже земјоделците и да почне со исплата на ветените субвенции

0
1272

Соопштение на Форумот на слободоумни партиоти:

Форумот на слободоумни партиоти ја повикува Владата на Република Македонија да прекине да ги лаже земјоделците и да почне со исплата на ветените субвенции.

Со години ве слушаме како се фалите дека давате субвенции, но суштински на терен работите стојат поинаку. Од нашите посети можеме да заклучиме дека со години ги лажете земјоделците и ненавремено или нецелосно им ги исплаќате субвенциите.

Во период кога престои жетвата и кога земјоделците имаат зголемени трошоци поврзани со нивната работа, нехумано е со месеци да не им исплаќате субвенции и да ги манипулирате луѓето.

За крај сакаме да ви укажеме дека скапо платените реклами во режимските медиуми нема да ја подобрат состојбата на земјоделците. Исплатете им ги ветените субвенции и прекинете да ги манипулирате и лажете луѓето.