ФРЧКО СО ПОРАКА ДО ЗАЕВ: Не чекај на народот, тоа не е фер да го бараш од народот, туку ти со твоите најблиски преземи ризик, нагрбачи се и пренеси го решението преку реката, потоа народот ќе те награди кога ќе види дека тоа било мудар потег!

0
1565

– Не е фер да се чека од народот да ја донесе одлуката и политичкиот врв да каже, ете така одлучи народот, не, сега Заев и неговите најблиски треба да преземат ризик и да го пренесат решението преку реката, и потоа народот ќе ги награди кога ќе увиди дека тоа било мудар државнички историски потег за земјата. Секако, тоа не може да се направи со било кое решение, но ако имаат добро решение, ич да не се мислат, треба да го држат како гладно куче што држи мрсна коска!

Професор Фрч Национале во 1 ТВ. Ова е интересна теза.

Он мисли на потезите од минатото кога Киро Глигоров реши да и дозволи на ЈНА да си оди мирно иако немаше за тоа дозвола од народот, но народот потоа увиде дека не вреди за воена техника и опрема да се дадат стотици млади животи и воени разурнувања, потоа Киро направи компромис со Грците иако за тоа исто немаше амин од народот на референдум па денеска на големо се анализира дека тоа било генијален политичко-дипломатски потег, потоа Борис Трајковски и СДСМ го имплементираа Рамковниот Договор за кој исто така немаа амин од народот па се виде дека тоа било исто така генијално политичко решение со кое се прекина крвава тотална граѓанска војна во зачеток.

Фрч веројатно мисли на ист таков визионерски потег и сега, и тезата доста држи вода, но што правиме што опозицијата т.е ВМРО ДПМНЕ 28 години гради кариера и лови поени на сите тие државнички потези кои од нив се означени за национални предавства?!?!