Фрчкоски: Не е битно што вели Хан, преговорите се целосно излезени од колосек и се ништовни!

0
1266

Тоа што го изјавил Хан во Вашингтон е сосема споредно и неважно, споредено со она што се случува со текот на целите преговори, кои се сосема исфрлени од рамнотежа, а една од страните е ставена во сосема нерамноправна положба со она срамно обвинение што е покранато против лидерот на опизицијата Зоран Заев – изјави за „Кирилица“ универзитетскиот професор по право Љубомир Фрчкоски, на прашањето да ги коментира последните изјави на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан дадени во Вашингтон.

frckoski-540x360

– Како професор по Меѓународно право, кое го предавам, тврдам и знам, а тоа го знаат и странците со кои деновиве интензивно контактирам, дека секој договор потпишан во ситуација кога врз една од страните постои активна закана е ништовен! Значи, основа за поништување на секој договор е ако се покаже дека врз една од страните кои се договараат постои активна закана, на пример, киднапирани му се децата, жената, или како во случајов против некого се покренува кривична постапка, обвинение. Во таква ситуација договор не може да биде потпишан, односно овие преговори мора да бидат замрзнати и тоа обвинение да биде замрзнато. Заев, вака обвинет, не смее да оди во Брисел и да ги продолжува преговорите, ниту пак нешто да потпишува со оваа диктаторска власт.

Не смееме да влегуваме во прикаските дека опозцијата, ако постапи така, ако ги прекине преговорите, ќе биде прогласена за „лошата страна“, таа која не сака решение и слично. Тоа е пред се правен проблем, а не дневнополитички. Тоа е еден апсурд кој е возможен само во главите на нашите диктатори – да веруваат дека може со некого да преговараат и истовремено од друга страна да му покренуваат монтирани обвиненија! Затоа, сосема е ирелевантно што зборува Хан, овде или во Вашингтон, кога целиот преговарачки процес е изместен од колосек и во вакви услови не смее да продолжи – вели Фрчкоски.

Извор : Кирилица