Фрчкоски за Телеграм : Има дипломати кои можат да му ја свиткаат раката на Груевски

0
1188

Неодамна беше објавено интервјуто на проф. д-р. Љубомир Данаилов Фрчкоски во хрватски „Телеграм“, подготвено од Филип Рауниќ. Во разговорот е истакната актуелната политичка состојба во Македонија и настаните во Куманово, протестите во Скопје, студентските протести и диктаторските тенденции на актуелниот премиер.

frckoski-540x360

Интервјуто со Љубомир Фрчкоски, бившиот министер за внатрешни и надворешни работи беше направено на Правниот факултет во Скопје. На истиот факултет, Фрчкоски предава во областа на меѓународното право и современи политички теории и меѓународни односи.

Зградата на факултетот, и однатре и однадвор, изгледа прилично оштетено. Особено ако се спореди со мегаломанските проекти и дваесет метарските споменици во центарот на македонската престолнина. Фрчкоски е еден од втемелувачите на модерната македонска држава. Покрај тоа што во два наврати вршел министерска функција, тој е и еден од авторите на македонскиот устав, така и архитект на тајните служби во земјата.
Тој настапува прилично сериозно во анализата на ситуацијата во Куманово. Во врска со тоа, тој вели дека секој мандат на ВМРО ДПМНЕ (тоа е владеачката партија на премиерот Никола Груевски) завршува во етнички судири на граници, па така и овој.

„Владата работи на застрашување и засилување на притисокот кон јавноста и се прикажува како таа да може да ги среди сите работи“. Од друга страна, она домашната и демократска јавност ја согледува ова Влада како причина за кризата, а заминувањето на истата како почеток на стабилизирањето.

Втемелувач на модерна Македонија и опозициска икона

Со фотографката, чекавме на приземје, во предворјето на факултетот. Фрчкоски се појави од неговиот кабинет, на првиот спрат. И да не знаев како изгледа, верувам дека според „гардот“ веднаш ќе препознаев кој од професорите бил претходен министер за внатрешни и надворешни работи, опозициска икона.
Се однесува помалку фраерски, срдечно се поздравивме и тргнавме кон неговиот кабинет. Веднаш го прашав како е на факултет, а тој одговори дека му одговара таа декаденција на универзитетот.
Но веднаш потоа, станува сериозен и зборува како овие протести влијаат и на атмосферата на факултетот. Јадрото на протестите го сочинуваат студентите. „Мирни протести, тоа е добро да бидат наречени така, но падот на режимот секоша е поврзан со извесна мера на судир со репресивниот апарат, особено со она што го нарекуваме пара-полиција, луѓе во полицијата кои се директно врзани со режимот“ вели Фрчкоски.

„Тие пара-полицајци, во голем дел, се регрутирани од власта и настапуваат со цел да ја разбијат масата. Влегуваат во читални, ги прогонуваат луѓето во влезови и згради. Многу од оние што протестираа добија удари, непотребно, а таа бруталност, пак, предизвика голем револт на социјалните мрежи. Овој тип на протести треба да траат до 17-ти мај, кога сето тоа ќе кулминира. Тогаш е закажан големиот протест на опозицијата“, а во врска со тоа Фрчкоски вели дека тој судир, веројатно, и ќе продолжи, и потоа следува периодот кога странците поубедливо интервенираат.

Нова генерација на диктатори

„Се работи за hand twist дипломатија, кога дипломатите може да ја „свиткаат раката“ на надлежните или во теорија, како што тоа се нарекува – дипломатија на присила. Тие дипломати кои може да ја свиткаат раката на премиерот Никола Груевски се Американците, Германците и Британците. Скандинаците, како што вели Фрчкоски, настапуваат подоцна, во помекиот дел кога булдожерската работа е завршена, а главниот дел од таа булдожерска работа ќе ја завршат Американците и Гермнаците.

Дипломатите од тие земји може да си дозволат притисок врз овие балкански „полу-типови“, како што ги нарекува Фрчкоски. „Се јавува една нова генерација на диктатори, и тие не се како Милошевиќ и Туѓман. Помеки со кон странците, а тврди се кон сопствениот народ.“ Го разбираат само притисокот, а би ги лажале меѓународните фактори се‘ додека можат.

Го прашав за тоа на кого мисли премиерот Груевски кога зборува дека опозицискиот лидер Зоран Заев, во објавувањето на неговите „бомби“ соработува со странска тајна служба. Тој одговара дека Груевски веројатно мисли на Американците, но стравува тоа да го соопшти. Но тоа, меѓутоа, според Фрчкоски е голема глупост, и дека не проаѓа дури ни во членството на владеачката партија. Заев има 680.000 документи, прислушкувани се 26.000 луѓе, затоа невозможно е и нема интерес некој од надвор да го изведува тој опсег на прислушкување. Тоа е параноја на диктатурата, ја прислушкуваат опозицијата, но и своите луѓе.

Лустрацискиот процес се искомпромитира самиот
Ова власт му забрани јавно делување на Фрчкоски. Иронијата е дотолку голема, што Фрчкоски не е лустриран заради своето делување во комунизмот, туку заради делувањето по промената на системот. И тој не беше прогласен за соработник на тајните служби, затоа што бил министер, туку како наредбодател. Решението гласи дека тој ја узурпирал полицијата и службите, против политичките непријатели.

А тоа денес е повеќекратно нагласено, во однос на периодот кога тој бил министер – вели Фрчкоски. „Лустрирањето заради делување во демократскиот систем е вон сите стандарди и претставува светски преседан. Што ќе ви е лустрација во демократија, кога можете да ја тужите полицијата или бил кој што ќе ги прекрши вашите права; се работи, всушност, за судир со опозицијата“ вели Фрчкоски. И додека го зборува тоа, не може да се каже дека е вознемирен.

„Бев министер за внатрешни работи од 1992 до 1996, се‘ уште сум млад, можам да се вратам во политика, а другите лустрирани се постари луѓе“ вели Фрчкоски.
Тој е доживуван како икона и симбол на опозицијата и токму затоа преставува голем проблем за владеачите.

„Не може да се пресметате со опозицијата, ако не се пресметате со нејзините симболи“ вели тој. Се обидоа и преку притисоци на факултетот, со цел да се испрати пораката. Но тоа не им успеа, според Фрчкоски, заради мобилизацијата на јавноста и факултетот. Тој лустрациски процес се компромитираше самиот. Повеќе никој не го третира овој закон сериозно, и веројатно истиот ќе биде прв што ќе биде укинат откако ќе се промени власта.

Клучен проблем во Македонија е судството

Клучен проблем во Македонија е судството, вели Фрчкоски. Функционира како инструмент на власта, и ги покрива нивните операции. Сега дури и европските експерти го констатираат тоа, а они тоа го правата најбавно од сите други. „Ние заглавивме во ова диктатура, во процесот на приближување кон ЕУ“ вели Фрчкоски. И сега тоа е скандал и за ЕУ, а не само за власта. „Каде гледале, што правеле, оти тоа е делумно направено и со нивни пари“. ЕУ допрва зборува за авторитарното скренување на Македонија. Но ова, како што вели соговорникот, веќе заокружен авторитарен систем на власта. Скандалозно е тоа како ЕУ површно помина преку Копенхашките критериуми. Македонија е илиберална држава, без либерална традиција. Може да се постигнат фер избори, плуралитет, набројува Фрчкоски, но исклучително тешко е постигнување на владеење на правото.  „И тоа го разбраа момците кои станаа диктатори, таков е случајот со Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, меѓи кои, Македонија убедливо отиде најдалеку во заокружувањето на авторитарниот систем.“  Тоа функционира по моделот – ќе им дадеме на Европјаните тоа што сакаат, а нештата ќе ги буткаме во друг правец. На тој начин, Груевски и ги добиваше парите и времето да го направи тоа што сака.  Во законска смисла, Македонија направи се‘ што беше барано од неа, а суштински ништо не е променето. Судството е полошо од времето на комунизмот.

Две паралелни реалности

Се работи за две македонски реалности, една е за странците, а другата е за овде. Скандалот е во тоа што Европјаните тоа не го гледаа, вели Фрчкоски.       Македонија ги оствари сите влажни сонови на диктаторите. „Можеби и Туѓман сакал такви споменици, но овој тоа го направи, тој направи Лас Вегас во Македонија“.

Скандалот е тоа за целото опкружување, а не само за Македонија.  „Диктаторските сонови реализирани се на егземпларен начин, и потребна е поширока социолошка анализа за феноменологијата на диктаторите во современиот свет“ вели Фрчкоски, и се прашува како е тоа возможно во период на немаштија.  ЕУ сега е во шок и се прашуваат што треба да се направи за тоа да се спречи.
Фрчкоски вели како македонските избирачки списоци се светски феномен. Во последно време многу од луѓето емигрираа, помеѓу 300 и 400 илјади. Македонија денес има околу 1.8 милиони жители и исто толку гласачи.

Фрчкоски вели како власта постојано лаже дека избирачките списоци се прочистени, но кога тоа навистина би било така, таму треба да  има околу 200 или 300 илјади луѓе помалку, а не само 10 000. „Невозможно е да се победи на избори, ако ова власт ги организира, затоа што се потребни 300 илјади повеќе.“

Мафијата е тесно врзана со власта

Соговорникот е еден од најупатените луѓе во сигурносниот систем на Македонија, и оттука прашање за тоа каква е ситуацијата со мафијашките пресметки во Македонија, се случуваат ли и таму мафијашки убиства, како неодамнешниот случај на Vinka Žuljevića. Тој вели како во Македонија никогаш немало проблем со организираниот криминал независен од политиката.

-Шефот на полициските структури е директно вклучен во рекетирања, монополизирање на некои бизниси, има неколку фирми, вели Фрчкоски. И тоа е општо познато. Сето тоа е општо познато, вели соговорникот за „Телеграм“, а никој не реагира.
„Ова власт не дозволува никаков организиран криминал паралелно со нејзиниот, оти они се главните типови. Главните медиумски структури се корумпирани и купени, формираат слика дека се‘ е нормално и мирно, а ние живееме згрчени во диктатура. Затоа и власта е толку силна, немаат конкуренција. Мафијата е врзана со системот. Ова партија тоа го постави во врвот, во негативно совршенство, ако може така да се рече.“

извор: Телеграм.хр