Фрчковски: Сега се каам што на Сашо Мијалков му кинев прекршочни пријави уште во раните 90-ти од почит кон татко му!

0
2667

Поранешниот министер за внатрешни работи Љубомир Д. Фрчкоски, во изјава за Телма, вели дека жали што му на времето не дозволил на Сашо Мијалков да му бидат поднесени две пријави, бидејќи тоа го сторил од почит кон татко му Јордан Мијалков кој трагично загина во сообраќајка кај Врање, Србија.

Добро се сеќавам на еден случај. Инспекторот ми посочи дека лицето Сашо Мијалков било приведено откако со возило џип влетал во ноќен кафе бар и учествувало во тепачка.

Не го познавав, но ми беше кажано дека е син на покојниот министер за внатрешни работи Јордан Мијалков и од почит кон татко му не дозволив да му се напише пријава.

Имаше и уште еден случај во кој младиот Мијалков беше прекршител на Законот, но не заработи пријава. За време на мојот министерски мандат толкави беа криминалиите на Сашо Мијалков – рече за Телма поранешниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчковски.

Фрчковски вели дека жали што како министер во неговиот мандат 92- 96 година му ги кинел пријавите на младиот Сашо Мијалков од почит кон неговиот татко.

Богоевски во интервјуто за Телма ги нарече како неосновани и изјавите на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, дека бил следен од службите на 16 годишна возраст.