Фросина Ременски: Синдикалецот на МВР ја откри Америка!

0
1151

Синдикалецот на МВР ја откри Америка со изјавата дека тој и Јанкуловска постигнале европски, нов Колективен договор за вработените во МВР …

remenski

Да не беше лицемерно, ќе беше смешно …

Колективен договор имаше друже Синдикалче, имаше и систем на кариера, имаше и оценување, имаше и права, имаше се …, на хартија се разбира.

Кога веќе се собравте за сликање, заборавивте да кажете дека од системот на кариера немаше и нема да има ниту буква С; дека оценувањето е запазена форма заселективно унапредување; дека синдикатот не се става во заштита на правата на полицајците; дека, униформи нема ниту за лек, дека возниот парк на МВР е распад систем; дека политичкиот реваншизам е водилка во одлучувањето за распоредување и унапредување на полицајците …

Да, Синдикалче …, кажа се, само што заборави на твојата „Министерка“ да ѝ побараш извинување за вукгарниот речник и именувањето на полицајците како „будалетинки“, „индијанци“, за оние „расчистените“ и „сотрените“ … И нема да кажам дека не ти ја разбирам хипокризијата …, впрочем твојата „Министерка“ си постави „Магариња“, за да слушаат и извршуваат …

Те разбирам, не ти е лесно !

Фросина Ременски