Фросина Ременски : Првиот синдикалец Тихомир Климоски да си поднесе неотповиклива ОСТАВКА!

0
1103

Го повикувам првиот синдикалец на од власта признатиот полициски синдикат Тихомир Климоски да си поднесе неотповиклива ОСТАВКА!

FROSINA-655x641

Денешнава аудио снимка нека му биде мало потсетување на сите прозивки кои до него му ги упатуваа полициските службеници кои години наназад се мета на болните суети на првите луѓе во МВР! Еве му шанса да каже како ги „одбрани“ вработените од МВР кои беа под закани да не го тужат министерството, да си ги повлечат тужбите против МВР; како ги одбрани оние кои години наназад водеа судски и друг вид на постапки, во кое ја докажуваа својата професионалност и се бореа да ги исправат неправдите кои им ги нанесоа болните суети на оние кои посакале некого „да сотрат“ или да „расчистат“; како ги застапуваше правата на работниците кога тиа си ги бараа униформите, прекувремените часови работа, правата од работен однос, напредувањето во системот на кариера, заштитата од мобинг на пијани и некомпетентни раководители …. Нека им ѝ објаснува на Јанкуловска колку тој е пожелен и „подобен синдикален лидер“, туку нека им објасни на оние кои секој месец издвојуваат од својот личен доход, за да може тој да ги организира „синдикалните“ активности … Тихомир Кломоски, не барај алиби за својата сервилност. На луѓето со интегритет не им треба твојот авторитет, за да побараат заштитa на нивните права. Тие бараат одговорност од позицијата што ја имаш. Да им покажеш дека не робуваш на семејниот непотизам кој како фластер ти ја затвора устата. Да покажеш дека умееш да процениш и оцениш кога е крајот на приказната која повеќе не ти поминува. Во твоја одбрана можеш да кажеш се што ќе посакаш, да напаѓаш, обвинуваш, да станеш дел од групата болни суети …, но не можеш да избегаш од фактот дека, така седнат во скутот на власта, стануваш соучесник во злоДЕЛАТА на оние на кои им делиш плакати за „расчистувањето“ … Жал ми е, што како прв синдикалец не си ја научил првата лекција во синдикализмот …, дека принципот на солидарност и заштита на работникот е обврска и кога се бориш за еден и кога се бориш за 100, 1000 или 2000 обесправени, нема разлика!

фејсбук статус на Фросина Ременски