ФРОДЕМ: Mениците потпишани од пратениците се незаконски и неважечки

0
917

„Согласно член 62 од Уставот на РМ пратеникот ги претставува граѓаните и во Собранието одлучува по свое уверување. Уставот јасно и прецизно предвидел дека на слободното уверување и изразување на пратеникот не смее да има влијание никаков условувачки филтер, механизам за негова контрола, а уште помалку финансиски инструмент со кои се ограничува неговото слободно уверување и изразување.

Јавна тајна е дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат потпишано меници на големи суми парични средства, како наводна гаранција за направениот трошок во кампањата. Но, позадината на овие незаконски потпишани финансиски интрументи е барањето за безусловно спроведување на лично и штабско-партиска волја на врхушката.

ФРДОДЕМ јавно укажува дека потпишаните меници од страна на пратениците не произведуваат никакви финансиско-правни импликации. Напротив истите произведуваат кривично-правни импликации за сите оние кои учествувале во нивното иницирање и евентуално нивно пуштање во промет. ФРОДЕМ јавно предупредува дека против сите оние  кои во името партија или затскривајќи се зад партијата извршеле, измама, принуда или уцена, а притоа и изнудиле потпишување на вакви или слични ограничувачко-уценувачки финансиски инструменти, ќе биде покрената кривично-правна постапка.  Ги охрабруваме пратениците кои имаат потпишано меница или други хартии од вредност да не подлегнуваат и понатаму на ваквиот уценувачки притисок кој го трпеа сиве овие години и истовремено им укажуваме дека истите се незаконски и неважечки и не смеат да бидат пуштени во промет. Сите јавни и државни служби, нотари, адвокати и слични служби кои на било кој начин учествувалет во ваквите дејствија ќе бидат предмет на иницирање на кривично гонење.

По денешната прес на СЈО станува се појасно дека пратениците со потпишани меници биле инструмент за повекратна употреба за лични интереси на партиската врхушка. Пратениците кои биле принудени на ваквите дејствија немаат никаква одговорност, освен моралната. Но, секој чин и гест на отфрлање и спротиставување од страна на пратениците може да се смета како чин и гест на морално прочистување и голем придонес кон враќањето на внатрепартиската демократија и што е најзначајно враќање на слободата на вољата и демократијата во државата.

Правото на пратеникот на свое уверување е неотуѓуво право и обврска на секој пратеник“, соопштуваат од ФРОДЕМ.