ФРОДЕМ: Ќе немаме за леб, а виновниците ќе јадат млечни чоколади

0
1388

Сериозните отпори, несогласувањата на граѓаните како и нашата висока свест и совест наспроти неодговорната извршна власт и криминализирана партиска врхушка спречија да се направи финансиско и економско злосторство над недолжните и невини македонски граѓани, се вели во реакцијата на ФРОДЕМ.

„Комерцијалните банки и инвеститорите конечно одлучија повеќе да не го финансираат режим воспоставен од криминализираните партиски структри и лажни патриоти. Матниот Вардар ја однесе ,,најуспешната” економија во светот. Од надојдените големи вардарски води врбите не ни родија грозје. Благодарение на алчната криминализирана власт ќе немаме за плати и пензии. Ќе немаме за леб, а виновниците ќе јадат млечни чоколади. Македонскиот кормилар кој управуваше и се уште управува со галијата до догледно време заминува на североисток. Истиот тој и неговите измеќари дозволија народот по корка леб да ни избега на југ и запад. Матен Варадр е крив за сѐ. Тој донесе и тој ќе однесе!.“, вели ФРОДЕМ.