ФРОДЕМ: Со еврообврзницата владата сака да обезбеди пари за да купи уште едни избори

0
932

Намерата да се издаде еврообврзница од вртоглави 650 милиони евра е финансиско и економско злосторство врз граѓаните на Република Македонија, реагира ФРОДЕМ.

„Вождот и партиската вршушка во заминување доколку ја реализираат оваа вон умот и разумот криминална одлука дефинитивно стануваат гробари на нашата држава и нашата иднина. Владата со која раководи технички премиер за спроведување на изборите, а која е под целосна контрола на вождот во заминување, со ова најново сулудо задолжување настојува да обезбеди пари за да купи уште едни избори, неводеејќи сметка за последиците. За нив сегашноста и иднината на генерациите кои доаѓаат не е битна, единствено им е битно да си ја спасат сопствената кожа со купување на претстојните избори.

Наредбата за задолжување која доаѓа од осомничените криминално партиско политички структури е обид до крај да се уништи економијата и да се намали и онака нискиот стандард на нашите граѓани. Пораката која доаѓа од овие структури, а која треба да ја реализираат сервилните и клиентелистички министри и останати функционери е мошне јасна ,,Кога ние заминуваме и вие нема да постоите”

Затоа апелираме до здраворазумните министри во Владата и пратениците во Собранието на Р. Македонија да не дозволат да се реализира оваа суицидна намера со цел да се направи уште еден поголем злостор врз недолжните македонски граѓани. Незаконското јавно задолжување предвидува сериозна кривична одговорност за сите инволвирани учесници во оваа постапка“, реагира ФРОДЕМ.