ФРОДЕМ: Режимот бега од избори како ѓавол од темјан

0
1141

Соопштение на ФРОДЕМ:

Одамна е јасно дека режимот е тој што бега од избори. Бега од избори како ѓавол од темјан. Бега од соочување со волјата на народот. Со кукавичкото бегство прави продлабочување на тешката криза. За режимот, колку состојбата е полоша, толку е подобро, затоа што само во матно, во кризна ситуација може да се залажува дека ќе се извлече. Доказ за бегање од избори е што го изигрува спроведувањето на договореното. Не го спроведуваше првиот пат, блефираше вториот пат, и сега третиот пат по мувлосаните подруми повторно смислува пречки за одлагање на изборите и спојување со локалните.

Режимот ја подели земјата и народот до закрвување. Затоа ниедна работа не може да се договори, ниту спроведе. Се се штп можеше се подели, а особено новинарите. Бидејќи пропагандата и лагите му се клучното оружје режимот си создаде свои партиски мегафони. Затоа и постои блокада во ад хок телото кое треба да ги мониторира медиумите за изборите. Режимот сака лаги и манипулации, а не известувања, не информации и факти. И меѓу избори, и особено пред избори.

Во плурална Македонија паметиме изборни циклуси во кои власта и го даваше на опозицијата тоа што бараше. Така беше во 1998 и 2006. Во соседството, неодамна и црногорската власта одважно и ги уважи сите барања на опозицијата. Имаа чојство, јунаштво да го победат лошото во себе, за да победат сите заедно, како нација. Затоа бидете еднаш одважни, бидете мажи не се ценкајте за секој грам моќ, влијание и простор за манипулација.

Ако режимот опструира избори и нема избори на 11 декември, а кризата се продлабочува, тогаш парламентарните партии имаат обврска да направат ново парламентарно мнозинство. Новата влада треба брзо и цврсто да ги спроведе демократските промени и да ја стабилизира и нормализира земјата. Албанските парламентарни партии треба да се изјаснат за иднината на земјата. Дали се за евроатланска и унитарна или за тоталитарна држава. Долгата и тешка криза го загрозува и Рамковниот договор. Коренот на кризата е внатре во партиите на власт. Пред се во нивното криминално владеење но и во неуставниот однос на врхушката на ДПМНЕ кон државата и во недемократскиот однос кон сопартијците со поинакво мислење. Сите рокови, државни, партиски и човечки истекуваат за неколку дена.

ФРОДЕМ повторно ја повикува Бонева да му се извини на СЈО!