ФРОДЕМ поднесе иницијатива за оцена на уставноста на Деловникот на Уставниот суд

0
1138

Ја известуваме јавноста дека поради неможноста на 14 и 15.03.2016 год, поради блокираните приоди до Уставниот суд на РМ суд, ФРОДЕМ беше приморан препорачано по пошта на ден 16.03.2016 година да поднесе иницијатива до Уставниот суд на РМ за поведување на постапка за за оценување на уставноста на одредени одредби односно делови од актуелниот Деловник на Уставниот суд на Република Македонија, Бр. 394/92 од 9 ноември 1992 година (Сл. весник на Р.Македонија бр.70/92), (т.н. конституциона, јудициелна, нормативна, репресивна и aпостериорна контрола in abstracto).

Со оваа иницијатива ФРОДЕМ бара поништување (со дејство еx tunc) на делови односно на одредби од Деловник на Уставниот суд на Република Македонија кои се во директна спротивност со Уставот на РМ/91 и тоа на:

А) Член 51 и 52 од од Глава IV од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонијанасловена како Постапка за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија.

Б) Член 62, 63 и 64 од Глава VI од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонијанасловена како Постапка за решавање на судир на надлежности и

В) Член 67 од Глава VII од Деловникот на Уставниот суд, насловена како Постапка за одземање на имунитетот и за утврдување на трајно загубување на способноста за вршење на функцијата на судија на Уставниот суд:

Сметаме дека горенаведените членови од предметниов оспорен деловник се спротивни на уставните одредби, стипулирани во нормативниот дел на Уставот на РМ (1991) – особено во Делот I: „Основни одредби“; како и во Делот II: „Основни слободи и права на човекот и граѓанинот“ – и оддел 3 „Гаранции на основните слободи и права“: а) чл. 8, ст.1 – ал.1; ал.3 и ал.8 од Уставот на РМ Темелни вредности на уставниот поредок на Р. Македонија се: т. 1: основните слободи и права на човекот и граѓанинот, признати во меѓународното право и утврдени со Уставот и т. 3: владеењето на правото; и г) чл. 51 од Уставот на РМ:

Во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да го почитува Уставот и законите.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е:

А) Со одредбите во членовите 51 и особено 52 се ограничува правото на граѓаните на заштита на слободите и правата од причина што како услов се поставува доставување на факти и докази што граѓаните го става во крајно нерамноправна положба во однос на робусната моќ на државните институции и другите субјекти кои му ги повредиле правата и кој во најголемиот број на случаи не му овозможуваат пристап до фактите и доказите. Ова особено се донесува на постапување на органите на прогонот. Доказ за неуставноста на оваа одредба е фактот што Устваниот суд од своето постоење до сега има постапено по минорен, крајно незначителен, број на барања на граѓаните. Со ова свое постапување, кое е засновано на неуставно поставените услови за доставување на барање во цитираните челнови, Уставниот суд не ја остварил својата уставна надлежност предвидена со член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија да ги штити слободите и парвата на граѓаните. Ова дотолку повеќе штобарањето на достава на доказите и фактите се става во крајно рестриктвен временски теснец однсоно цитираме „може да бара заштита од Уставниот суд во рок од 2 месеци од денот на доставувањето на конечен или правосилен поединечен акт“.

Б) Уставниот суд со решението Решение У.Број: 19/2016-0-0 (Дата на Донесување: 24.02.2016), со кое повел постапка за за оценување на уставноста на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување („Службен весник на Република Македонија“ бр.19/2009), а по иницијатива на Ристо Китевски, адвокат од Охрид, мериторно навлегол во одлучување по материја на судир на надлежности на гранките на власта, за која согласно Глава VI е предвидена сосема друга постапка и друг субјект иницијатор на постапката. Во оваа смисла сметаме дека оспорени членови од наша страна треба да се укинат како спротивни на Уставот а Уставниот суд да го поништи донесеното решение Решение У.Број: 19/2016-0-0 од 24.02.2016, како и да ја поништи целата постапка околу укинување на делови од Законот за помилување.

В) Деловникот на Уставниот суд во членот 67 го регулирал прашањето за утврдување на трајно загубување на способноста на судија на Уставниот суд за извршување на својата функција, како и одземањето на неговиот имунитет. Ова круцијално прашање е регулирано на неуставен начин при што уставните судии се ставени во привилегирана положба во односн на сите останати носители на јавни функции. Имено, свесно или несвесно, во овој член е направено преклопување на институтот трајно губење на способноста и одземањето на умунитетот на уставниот судија. Станува збор за крајно различни правни и фактички ситуации кои имаат различни последици. Во одребата се наведени основите за трајното губење на способноста, цитираме „се утврдува врз основа на акти, наоди, експертни и стручни мислења на медицински и други установи и органи со кои се утврдува здравствената или друга неспособност, во согласност со закон“, а воопшто не се наведени причините за одземање на имунитетот, иако во првата алинеја на овој член се наведени збирно.

Егзистирањето на вакви норми во нашиот позитивно-правен поредок, особено во оваа сензитивна сфера, се поткопуваат основните начела на кои фундира нашата демократија – а тоа владеењето на правото (англ. Rule of Law) и правната држава (герм. Rechtstaat) и принципот на правна сигурност. Поради сето ова, сметаме дека овие проивуставни законски одредби, земајќи ја предвид јавната полза (utilitas publica) од тоа дејствие, што побрзо треба да бидат касирани и повеќе да не егзистираат во нашиот правен систем – како мошне штетни и тенденциозни, кои можат да предизвикаат повеќе негативни последици во праксата.

Поради горе посоченото ФРОДЕМ бара поништување (со дејство еx tunc) на делови односно на одредби од Деловник на Уставниот суд на Република Македонија кои се во директна спротивност со Уставот на Република Македонија од 17 ноември 1991 година.

Исто така бараме од Уставниот суд на Република Македонија до одлучувањето по оваа иницијата да ја замрзне својата работа и сите тековни постапки да ги стави во мирување.

Во спротивно ќе цениме дека сите дејствија се невалидни и се преземени врз основа на оспорени одредби за начинот на работата и постапката пред Уставниот суд на Република Македонија.

П.С Не сакаме да веруваме дека Уставниот суд Деловникот ќе го третира како интерен акт и нема да постапи по иницијативата како и многупати досега. Деловниот има многу поголема тежина од голем број прописи за чија уставност и законитот одлучува Уставниот суд. Затоа напоменуваме дека Деловникот неможе и несмее да се третира исклучиво и само како интерен акт за кој не се води постапка за негова согласност со Уставот и законите од причина што со Деловникот се уредуваат суштински работи како што е постапката и работата на Уставниот суд која мора да биде во согласност, а не во спротивност со Уставот и законите. Начинот на работа и постапката пред Уставниот суд не смее биде противуставна и противзаконска и целосно и доследно треба да се почитува механизмот за проверка на уставноста и законитоста на деловничките одредби. Поради сето погоре наведено неопходна е доследна примена на гарантните механизми за проверката на уставноста и законитоста на начинот на работа и постапката пред Уставниот суд преку можноста за покренување на иницијативи