ФРОДЕМ: Внатрепартиската борба помеѓу Тодоровци, Милошовци, Поповци, Ѓорчевци и други искомпромитирани личности оди само во прилог на дополнително разнебитување на ВМРО-ДПМНЕ!

0
1179

По сѐ поизвесното заминување на Никола Груевски од политичката сцена и лидерската позиција на ДПМНЕ, а во очекување на внатрепартиската борба за нов лидер, изразуваме сериозна загриженост за иднината на партијата, велат од Фронтот за демократска Македонија (ФРОДЕМ).

„Најавите дека ќе се води внатерпартиска борба помеѓу тодоровци, милошовци, поповци, ѓорчевци и други искомпромитирани личности оди само во прилог на дополнително разнебитување на партијата и јакнење на позицијата на СДСМ. Како луѓе кои учествувале во создававањето, растежот и опстојот на партијата сметаме дека овие личности се само дополнителен баласт за партијата, државата и нашата иднина. Сите тие бессрамно учествуваа со градењето и промоцијата на лажниот морал и патриотизам, во манипулацијата и осиромашувањето на граѓанството и молчешкум заради сопствени лични интереси измеќаруваа на вождот и неговата фамилија. Токму поради овие непобитни факти овие личности немаат ниту минимален морален кредибилитет, дигнитет и интегритет да посакуваат да дојдат на чело на партијата. Нивната вина е иста како и вината на нивниот вожд.

Вистинското и чесно членство не смее да дозволи на чело на партијата повторно да дојдат личности кои во својата кариера се истакнале и промовирале како носачи (амали) на туѓиот срам, но и како соучесници или поддржувачи на нелегалните и квази патриотски активности и дејствија. Со кажувањето ,,НЕ” на вакви и слични аспиранти за лидерската позиција на партијата, ќе се прекине директна врска помеѓу криминалот, корупцијата и сиромаштијата на граѓаните и на голема врата се враќа духот и вербата во конезервативизмот како зацртана идеологија. Поддржувањето, учеството и заштитата на криминалот и корупцијата се закана за демократијата и за слободата на секој граѓанин, а уште повеќе за слободата на мислата и изразување на сопственото членство.

Сега е вистинско време да се прекине децениската узурпација и агонија на партијата од страна на вождот и фамилијата потпомогната од вакви и слични клиентелисти. Ова е право време и шанса конечно партијата да се најде во рацете на сопственото членство“, соопштуваат од ФРОДЕМ.