ФРОДЕМ: Власта ја даваат и земаат граѓаните

0
984

„ФРОДЕМ со огромна загриженост ја следни упорната намера на дел од судиите на Уставниот суд  за носење одлука после која слободно може да се прогласи крај на поредокот и на постоењето на било какви правила во македонското општество. Враќањето на можноста за помилување на учесници во злосторнички здружен потфат за фалсификување на граѓанската изборичка волја во суштина значи судспендирање на уставниот поредок. Тоа значи суспендирање на волјата на граѓаните и нивното право на глас и истото тоа право во иднина слободно и неказниво да го користат организираните криминални структури за лични и и партиски цели и интереси. Истовремено овој антидржавен акт ќе значи и суспендирање на суштински дел на политичкиот договор од „Пржино“ со кој е договорен начинот како да се излезе од тешката политичка криза во која се наоѓа државата.

Пред да се премине овој „Рубикон“ после кој нема враќање назад, ги повикуваме надлежните органи на гонење односно МВР и специјалното и редовното обвинителство, да ги проверат можните индиции дали ваквиот акт на петте судии е резултат на притисок или последица на кривични дела поврзани со обвиненијата за изборниот фалсификат или други кривични дела. Или било какви конфликти на интереси и неспоивости на фукциите, особено со членство во политичка партија! Посебно овие институции се должни да ги проверат се погласните шпекулации во јавноста дека оваа опасна игра на петте мускетари на Уставниот суд има за цел да спречи да излезе на површина изборниот фалсификат за првиот човек на државата, во кој исто така главни протагонисти биле токму осомничените во акцијата Титаник. Ова дотолку повеќе што од страна Владата и Собранието на Р.Македонија односно народните претставници нема позитивно мислење за оваа фингирана иницијатива. Доколку има и најмала можна противправна индиција или сомневање постапката веднаш треба да запре. Во овој контекст посочуваме дека прв индикатор е самата брзина на движење на постапката пред Уставниот суд.

Токму поради ова ФРОДЕМ иницира и инсистира на покренување на соодветна кривично-правна иницијатива за проверка на индициите и сомневањата на актерите на оваа нечесна и валкана игра.

ФРОДЕМ по којнае кој пат јавно укажува дека граѓаните се тие што одлучуваат, дека суверенитетот произлегува и им припаѓа на граѓаните! Власта ја дваат и земаат граѓаните. Ако ова основно уставно право и овластување се оспори, тогаш граѓаните треба да си го вратат оспорениот суверенитет на секој возможен начин. Доколку се прекрши “општествениот договор“ да имаме правила кои заедно ќе ги почитуваме и согласно кои сите заедно ќе живееме, тогаш народот ќе мора да изнајде начин и да си ги поврати изворните и загарантираните права“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.