ФРОДЕМ: Бонева треба да се извини за навредите упатени за СЈО

0
1304

Силвана Бонева го омаловажува Специјалното јавно обвинителство. Нејзината и слични на нејзината изјави се со цел да се обезвредни СЈО, да се попречи патот до правдата и до поедничната одговорност, соопшти здружението Фронт за демократска Македонија.

„Токму Бонева и нејзините компањони служејќи ѝ на фамилијата создадоа режим во кој пресудите беа однапред донесесувани. Режим во кој предистражните, истражните дејства и доказната постапка беа однапред подготвена фарса. Стотици животни судбини беа однапред режирани. Затоа, таа наместо да омаловажува треба да се засрами и јавно да се извини. Дотолку повеќе што токму таа, како прв човек на парламентарната групација го „водеше орото“ на многутте нелегалности и заткулисни политички игри, а притоа на необјаснив начин си го збогати семејниот фонд со два големи стана. Оваа и сличните изјави, заедно со повеќе други дејства на правосудните органи, се обиди насочени кон поништување на улогата и работата на СЈО“, соопшти ФРОДЕМ јавно праша зошто не се почитуваат одредбите од законот кој ја регулира работата на СЈО.

„Има ли правен поредок и договор за излез од кризата!?  Ако има, треба беспоговорно да се почитува, а штабот за манипулации со работата на СЈО да се расформира. Затоа што кога правдата треба да дојде до израз, тогаш политиката мора да молчи!

Противправностите кои се прават во координација со Советот на јавни обвинители се опасни преседани. Опасни се затоа што создаваат пат во иднина за слични паралелизми и заобиколувања на правото и правдата, токму кога ќе дојде нивниот ред за одговарност. А доколку ваквите преседани се поврзани со дејствување на формални или неформални тела или групи во киднапираната ДПМНЕ, тогаш тие лесно можат да се рефлектираат како „метод на работа“ токму во внатрепартиското организирање и раководење. Ако коренот на кризата лежи во партизираноста на државата, тогаш решавањето мора да отпочне од коренот.

Безвремено е правилото дека не треба да им го правите на луѓето, тоа што не сакате вам да ви го прават. Борбата за враќање на правдата и поредокот односно исправање на неправдите е единствениот патриотски пат кон кој сите заедно треба да го изодиме“, соопшти ФРОДЕМ.