Француската амбасадорка Лоренс Оер ЈАСНО И ГЛАСНО: Независни медиуми се еден од условите за одржување на фер и кредибилни избори!

0
811

Независни медиуми се еден од условите за одржување на фер и кредибилни избори, порача денеска француската амбасадорка во Македонија, Лоренс Оер. Таа најави поактивно учество на меѓународната заедница во подобрување на состојбите во медиумската сфера. Во следниот период, рече таа, амбасадорите од повеќе европски земји ќе посетат градови низ Македонија за да им ја доближат на граѓаните важноста од слободни и независни медиуми, објави 24Вести.

– Медиумите треба да бидат независни, треба да биде независен и јавниот сервис кој е финансиран од граѓаните. Во тој конктекст треба да има избалансирано претставување на опозицијата за да можат граѓаните да имаат увид во ситуацијата во предизборниот период. На седми април се очекува распуштање на Собранието и тешко е да се каже дека до тој рок може да се направи посериозна законска промена на тој план. Траба да се најде друг начин за подобрување, на пример преку невладините организации и со наше учество – изјави Лоренс Оер.