На фотографиите се објавени комбе на брзата помош од Виница кое се наоѓало на бензиската пумпа Окта кај Велес со пациент во него. Она што е шокантно во овие фотографии е екипата на брзата помош која пуши цигари додека пациентот можеби умира во комбето. Ова е уште една дупка во здравството на екс министерот Тодоров за која страдаат пациентите.