(ФОТО) Хорхе на нивоу: Единствен лидер со преведувач во Брисел!

0
911

C9E9B8F883BC2542812B132E8A59B481

Мина Андреева, заменик портпаролот на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер на својот твитер профил ја објави шемата за седење на лидерите на работната вечера кои учестуваа на мини самитот за бегалската криза изминатиот викенд во Брисел, пренесува „Либертас“.

Од нацртаната шема и од фотографијата што ги објави Андреева се гледа дека на иста маса во неделата биле седнати деветнаесет лица. Меѓу нив е и претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов, кој единствено имал преведувач седнат позади него.

Освен претедателот Иванов, на работната вечера беа и Ангела Меркел (Германија), Бојко Борисов (Бугарија), Алексис Ципрас (Грација), Зоран Милановиќ (Хрватска), Виктор Орбан (Унгарија), Вермер Фајман (Австрија), Миро Церар (Словенија), Еди Рама (Албанија) и Александар Вучиќ (Србија).

На вечерата присуствуваа и триото челници на Европскиот парламент, Европската комисија и Европскиот совет: Мартин Шулц, Жан-Клод Јункер и Доналд Туск. Холандија беше претставена од министерот за интеграција Клаас Дејкхоф, Луксембург од министерот за надворешни работи Жан Аселборн, додека Романија беше претставена од претседателот Клаус Јоханис.

3973736CBC4A40469C68062351105C17