(ФОТО) ФИЈАСКО НА ГРУЈОВАТА СЕНДВИЧ РАСА кои протестираа против работата на СЈО во Охрид

0
3220

По вонредната седница на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, од утринава, за денеска се закажани протести на членството и на симпатизери на партијата, против, како што велат, притисоците на СЈО, пренесува „Мета“.

Протестната поворка треба да мине по централните градски улици и да заврши пред зградата на СВР од Охрид, каде СЈО, наводно, ги извршува разговорите со функционерите и со членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

ohrid-3

СЈО деновиве испратило покани до 200 лица за информативен разговор во врска со финансирањето на партијата и со личните донации за време на изборите во 2014 година.

Функционерите и членови на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и актуелни и поранешни директори на државни институции и служби, здравствени организации, јавни претпријатија и истакнати членови на партијата, биле повикани пред тим од истражители на СЈО, дојдени во Охрид.

Покана за распит добил и претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Љубен Арнаудов, кој сега е и пратеник во Собранието.

Охридската полиција утрово презеде одредени безбедносни мерки во пресрет на најавениот протест, а улицата каде се наоѓа зградата на Секторот е блокирана за возила.

Извор: Мета