(ФОТО) Средношколски пленум: Црната кампања утрово „осамна“ пред гимназиите

0
1238

jbt1-540x405

Пред скопската гимназија „Јосип Броз Тито“, утрово на влезот осамна натпис со спреј кој вели: „Средношколци = 1000 денари“. Исто така,и среднопколците од ГУЦ Здравко Цветковски“ во нивното училиште прочитаа дека, цитираме: „Има пари, има мир“, соопшти Средношколскиот пленум, изразувајќи од она што се случува не само вчера и денеска, туку во текот на целата недела.

„Најостро ги осудуваме ваквите обиди да не оцрнат, исто како и монтажите кои беа направени од страна на изесни медиуми со иста цел. Ја користиме оваа прилика да им се обратиме на сите кои измислуваа дека сме плаќани, оние кои не заклучуваа и понижуваа, оние кои намерно не сакаа да не транспортираат до Градскиот Парк, и да им кажеме:

Кои и да сте, што и да сте, НАШАТА СОВЕСТ Е ЧИСТА, и ние мирно спиеме. Но, дали сите вие го можете истото, знаејќи дека врбувате деца, деца кои со сета своја младост сакаат да променат нешто во ова наше труло општество? Баталете ги сите монтажи, клучеви на врата, црни и крајно понижувачки капмањи и погледнете малку подалеку од носот, погледнете го нашиот бел образ на кој постојано удирате шлаканици. Сепак, ниедна од тие шлаканици нема да успее да стави дамка на ниту еден од нас, а камо ли на целиот пленум.

Прифатете веќе еднаш дека оние што храбро ви пркосат се само деца, само средношколци со основани и аргументирани барања. Дали можеби тоа што одбивате да го прифатите ова зборува нешто за вас? Господа, госпоѓи, госпоѓици, соученици, КОИ И ДА СТЕ, ако вие не сте доволно храбри да кажете НЕ за уништувањето на образованието и ако не сте способни да испуштите крик на незадоволството, не ви дава за право вака да се срамите.

Гневни сме на сите обиди да не извалкате, но запомнете една работа: СЕ ВАЛКАТЕ САМИТЕ СЕБЕ!“, порачуваат од Средношколкиот  пленум.