(ФОТО) Со механизација и логистика од СДСМ денеска се чистеше каналот во Арачиново

0
1382

Жителите на скопско Арачиново, помогнати со механизација и логистика од СДСМ, денеска го чистеа каналот кој се наоѓа кај долната џамија во селото.

kanal6-610x813 kanal11-610x458

Во исто време се прави и атмосферска канализација со цевки набавени со средства од донација и од самите жители на селото.

kanal8-610x813 kanal7-610x813

Секојдневно сме со луѓето од поплавените села. Овие денови најмногу работиме и помагаме во Арачиново и тоа на барање на самите жители. Тие од претседателот на СДСМ, Зоран Заев побараа да им се помогне во санирањето на штетите од поплавите и особено чистењето на каналот. Според нивните кажувања ова е прв пат некој да го чисти овој канал. Наша е механизацијата и логистиката. Лугето од селото бараа помош и ние им излеговме во пресрет – изјави Борче Ѓеоргиевски од СДСМ.

kanall-610x813

Се очекува до крајот на оваа недела да заврши чистењето и поставувањето на атмосферската канализација.

Извор: Бриф