(ФОТО) СЕ КИНАТ КНИШКИ – ВМРО-ДПМНЕ ТИВКО СЕ РАСПАЃА?!

0
2459

Колку време ВМРО-ДПМНЕ потроши да ја убедува јавноста дека постојат поделби во СДСМ, дека постојат несогласувања, па успеваше да пушта шпекулации во јавноста кои очигледно не и’ запалија доволно. Додека се мачеше да ја убедува јавноста со евтини трикови, се случи сосема обратното. Сега расколот постои во владејачката партија, а гледам дека членовите повеќе не го кријат тоа. Јавно почнаа да го искажуваат своето незадоволство, едни кинат книшки, други почнаа одамна оставки да даваат. И сето тоа не’ води само кон едно, да се запрашаме дали ВМРО-ДПМНЕ тивко, но сигурно се распаѓа?

Додека се трудеа да шират небулози меѓу народот, тие не се завртеа меѓу себе и заборавија на своите верувања. Сега сме повеќе од сигурни дека не само што им паѓа рејтингот меѓу народот, туку и меѓу самото раководство. Почнаа сите јавно да ги искажуваат незадоволствата. Веќе подолг период еден по еден од функционерите почнаа да си даваат оставки, кој подлегнува на својата нечиста совест, кој со Груевски повеќе не може понатаму. Очекувано беше дека кога – тогаш балонот ќе им пукне, после таквата нечесна работа е сосема нормално тоа да се случи. Прашање на време беше кога тоа ќе се случи.

14699704_10210000471035894_1824059771_n

Се трудат по сите можни канали да прошират приказни дека во СДСМ постои незадоволство, напротив, СДСМ никогаш поцврст од денес. За Груевски не само што повеќе нема партнер во неговите лаги, туку и неговата десна рака се откажа од него. Топ-тема е дека Протуѓер е избеган во Хрватска, а Груевски срамежливо лаже дека се’ е во ред. Но рибата смрди од главата, па нема потреба повеќе да се правдаат дека се’ е во ред. Сите раскажуваат дека и во парламентот се поделиле на две групи, на стари и млади. Младите си го бараат своето место, а старите се лути на неискуството на младите.

Значи, небитно е тоа што народот, пред се’, си бара промена на власта и предвремени избори, туку е битен истрелот дека опозицијата ќе ги изгуби изборите. Некако не штима. Народот е тој што гласа и избира. Почнаа да се редат и да фрлаат членски книшки, разочарани излегуваат на протести. Предвремените избори мора да бидат фер избори, а не наместени на кои однапред Груевски вика дека е победник. Избори на кои народот вистински ќе гласа, предизвик кој треба да го допушти зошто предолго уживаше во благодетите на власта.

Извор: Центарњуз