(ФОТО) Режимските миленичиња СЕ РЕДАТ КАЈ КАТА И СЈО : И Гордана Јанкулоска дојде на распит во СЈО!

0
1421

Гордана Јанкулоска денеска дојде на распит во СЈО. Пред неа, денеска околу 11 часот, на распит во СЈО дојде и второосомничениот во „Тврдина“, Тони Јакимовски, шеф на кабинет на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, објави порталот САКАМДАКАЖАМ.МК.

Од СЈО за  не сакаа да потврдат дали и таа е викната како осомничена во случајот „Тврдина“ или пак станува збор за предистражна постапка во друг предмет.

Јанкулоска е и една од 56-те помилувани на листата за колективна аболиција на претседателот Ѓорѓе Иванов што сега е повлечена.Таа имаше 13 помилувања, а од неа повеќе имаше само ексминистерот за транспорт Миле Јанакиески, 16. Покрај „Тврдина“, Јанкулоска е осомничена и во случајот „Титаник“ на СЈО, за изборни манипулации на изборите во 2012, 2013 и 2014.

ФОТО – СДК