На социјалните мрежи започнаа да се споделуваат фотографии од прашањата на екстерното тестирање кое деновиве се спроведува во училиштата во Македонија.
Едно од контроверзните прашања е:
„Што од наведеното не е начин за разрешување на конфликт?“
Понудените одговори се „компромис“, „согласност“, „протест“ и „договор“.
Со оглед на тоа што точниот одговор кој го предвидел Државниот испитен центар е „протест“, на социјалните мрежи граѓаните коментираат дека со ова учениците се манипулираат и од мали нозе им се всадува идеја дека не треба да протестираат бидејќи така нема да решат ништо?!
Екстерното тестирање секоја година истакнува повеќе контроверзни и скандалозни прашања и понудени одговори за кои има бурни реакции во јавноста, и преку него, всушност, се гледа што учат младите генерации.
Извор: Либертас