(ФОТО) РЕЖИМОТ НА ГРУЈО ПОЧНА ДА ГО ТЕПА НАРОДОТ ПРЕД ВЛАДАТА, УПОТРЕБЕНИ ВОДЕНИ ТОПОВИ, ПЕНДРЕЦИ А НАСКОРО И ГУМЕНИ КУРШУМИ!

0
1826

Веќе неколку часа голема група граѓани револтирани од прикривањето на убиството на Мартин Нешковски протестира пред Владата извикувајќи „Убијци“, „Доста беше молк“, „Кого браните“, „Не сме човечиња“, „Излези Никола“, „Нема Сашо – има мир“,„Оставка“ и „Ќе одговарате“.

sudar-policija-2

Како што јавува репортерот на „Мета“, дошло и до кошкање со полицијата кога демонстрантите почнале да удираат по штитовите.

Нашиот репортер вели дека пристигнале и водените топови. Насобраните седнале на коловозните ленти, а полицијата која е присутна во голем број ги опколила од сите страни.

Во меѓувреме дојде и до посериозни судири со полицијата која со штитовите ги турка демонстрантите кои во бранови се обидуваат да ја потиснат кон Владата.

Демонстрантите ги спуштија на пола копје знамињата пред Владата и фрлаа со јајца, јаболки и со балони со вода и искршија два прозорци на приземјето на зградата.

На почетокот демонстрантите на кусо го пробија полицискиот кордон и се упатија накај Владата.

Во групата која се обиде да влезе во зградата беа и мајката и братот на Нешковски.

На протестот се приклучија и пленумците.

Се појавија и групи со албанско знаме. Тие го врзаа албанското со македонското знаме.

Нема најави до кога би траел протестот, а присутните извикуваат „Не си одиме“.

Специјални полициски единици го блокираа влезот кон владата, за групата демонстранти да не може да влезе внатре.

На протестот се пуштаа и аудиоснимките од денешната „бомба“ посветена токму на неговото убиство.

Се повеќе граѓани се собираат пред Владата, а на протестот пристигаат и дополнителни полициски сили.

vodeni-topovi-2 vodeni-topovi

Извор : Мета