И лидерот на СДСМ, Зоран Заев, беше дел од илјадниците граѓани кои вечерва од трибините на стадионот „Филип Втори“ ги бодреа младите македонски фудбалери кои остварија нов триумф и ја совладаа репрезентацијата на Северна Ирска со 2:0.
Младата фудбалска репрезентација на Македонија (играчи до 21 година) со оваа значајна победа ги зачува шансите за пласман на Европското првенство во 2017 година.