(ФОТО) Протестен марш на средношколците во Куманово

0
1166

25059golema

Без никакви инциденти денеска во Куманово се одржа првиот средношколски марш за оваа година, јавува Нова ТВ. Маршот започна на пладне од гимназијата „Гоце Делчев“, а заврши пред подрачната канцеларија на Државниот инспекторат во Куманово. Таму средношколците во своите обраќања ги потсетија надлежните дека доколку не отпочнат дијалог, протестите и оваа учебна година ќе продолжат.

Средношколците бараат изменување на екстерното тестирање и моделот на државна матура да остане ист за оние средношколци кои се моментално ученици во средното образование, а новите модели да важат за учениците кои допрва треба да се запишат во средните училишта. Притоа, Средношколскиот Пленум да учествува во моделирање на новите начини на тестирање.

Маршот во Куманово е продолжение на притисокот кон надлежните, откако на вчера во Скопје, средношколците на првиот протестен марш за оваа година истакнаа дека притисоците кон МОН ќе продолжат . Од Пленумот порачаа дека не ја исклучуваат можноста од бојкот на наставата, повторно кампување пред МОН како и други форми на притисок, сè додека не се исполнат нивните барања.

Повеќе ОВДЕ