(ФОТО) Повторно пукна „шарената пушка“ во Прилеп

0
1677

Со стиховите од „Ода за царот“ од Југослав Петровски кои ги рецитираше актерот Милан Секулоски, во Прилеп започна 11-тата по ред „Шарена револуција“.

И оваа вечер граѓаните на Прилеп го кренаа гласот против аболицијата на Ѓорге Иванов, но и против криминалот на владејачката гарнитура предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

DSCN5215

После вообичаениот марш до споменикот „Карпалак“, крајната дестинација на протестантите повторно беше зградата на локалната самоуправа. Оттаму, во името на граѓаните и граѓанското здружение „Протестирам“, на полицајците кои ја обезбедуваа општинската Филип Попоски им го честита 7.Мај, Денот на полицијата и безбедноста.

Истовремено, Попоски рече дека сѐ додека криминалците се на слобода, граѓаните ќе бидат на улица, дека бојата од спомениците и зградите може да се избрише, но не и крвта од рацете на убијците.

DSCN5204-1