(ФОТО): Отворено ново детско игралиште во Градски Ѕид

0
919

Плочник-детско-игралиште-1

Во рамки на „Работно Лето 2015“, отворено е детско игралиште во Градски ѕид, на плочникот помеѓу Агромеханика и Клубот на новинари.

Ова современо, комбинирано детско игралиште на 250 м2, е наменето за деца на возраст од 3 до 11 години. Изработено е од дрвени елементи, составено е од две куќарки, платформа, столбови за качување со јаже, двојни лулашки и лизгачи со различни висини, а реквизитите – со амортизери, за најмалите.

Плочник-детско-игралиште-9

Комплексот е надополнет со урбана опрема (канти за отпадоци и клупи). Поставена е заштитна гумена подлога, која ќе ги намали повредите на децата, лесна е за одржување и чистење и особено е важно што ги заменува старите типови на нехигиенски подови.

Игралиштето е поставено на оваа локација, на барање од граѓаните, кои изречно бараа преместување на детското игралиште кое досега се наоѓаше на бул. Климент Охридски, во близина на бензинска пумпа и сред градски метеж.

Новата локација е далеку од сообраќај, а техничкото решение овозможува поефикасно одржување на целиот комплекс.На поранешната локација на игралиштето ќе никне заштитен зелен појас. Планирано е комплетна реконструкција на три други детски игралишта (Индијанско маало, Француски културен центар и кај Коктел Бар-от), како и кај Зелен пазар.

Плочник-детско-игралиште-12