(ФОТО) Орди од лебарки буџетарки повторно се собираат пред ДИК

0
1750

Стотина поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ денеска повторно се собраа пред седиштето на ДИК за како што велат, да не им се украде изборната победа. ДИК на денешната седница, која се уште не е започната треба да одлучува по преостанатите приговори од СДСМ и од БЕСА, јавува Радио Слободн Европа.

Синоќа неколку стотина поддржувачи на владејачката партија, но и нејзини функционери останаа до доцна во ноќта пред ДИК. Улицата пред зградата беше затворена, а насобраните извикуваа „Лопови“ и „Македонија“. Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се заканија со гневот на народот доколку ДИК не ја испочитува нивната изборна победа.