(ФОТО) Од амбасадата на САД право кај Катица на „пеење“: Али Ахмети се појави како сведок во Специјалното јавно обвинителство!

0
943

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во придружба на шефот на кабинетот, Артан Груби, денеска, точно во 14 часот, дојде на разговор како сведок во Специјалното јавно обвинителство, пренесува „Мета“

Пред да влезе, лидерот на ДУИ не даде изјава за медиумите.

Од СЈО известија дека Ахмети е повикан на разговор во својство на сведок, но во интерес на предистражната постапка не откриваат за кој случај точно станува збор.

– Лицето е повикано на разговор во својство на сведок. Поради тајноста на предистражната постапка, во моментов не можеме да ви соопштиме повеќе детали – изјави за „Мета“, портпаролката на СЈО, Ленче Ристовска, во вторникот.

Според медиумите, Ахмети, наводно, е повикан на разговор во СЈО за случајот „Космос“, кој беше дел од прислушуваните разговори, што минатата година ги објави СДСМ.