(ФОТО) ОДВРАТНИ ФОТОГРАФИИ – Штипската болница претворена во БИРТИЈА :Медицинскиот персонал лумпува, пуши цигари и пие вино и ракија во болницата!

0
5783

Ина Многуфина на својот Фејсбук прфил објави скандалозни фотографии од штипската блница, на кои се гледа како персоналот во работно време, на дежурство, се пуши и се слави со алкохол– на големо се пиело ракија и вино.

Сакам да го прашам директорот на болницата во Штип, Александар Стојановски, дали знае дека во болницата која ја води се пие алкохол и се пуши? Ако знае би требало да си даде оставка веднаш, ако не знае да си превземе нешто!

Би сакала да знам како тоа во работно време, пред или после работно сеедно, болницата работи 24/7 па секогаш е работно време, може да се толерира во рок од 15 дена да се пие алкохол па дури два пати? Обично после работа ако сакаш да пиеш идеш у кафана, сум била во Штип, има топ кафани! Како тоа добиваш желба да пиеш алкохол во конкретниов случај вино, кока кола од домашните и слично во работно време кога се грижиш за пациенти?

Дали болницата во Штип сака да ја победи болницата во Гевгелија каде пијани оперираа? Како утре кога ќе ви умре пациент или ќе се деси тешка трагедија со последици ќе излезете на улица и ќе ги видите сограѓаните кои чекаат деца и внучиња во вашата болница? Што ќе им кажете кога ќе се деси нешто? Ги праќате во Скопје или “ова е еден во илјада случаи” или пациентите се криви не дошле на време?

Персоналот ви ја има претворено болницата во биртија, ни сметководствено биро не сум видела маси да спружа со пиење со храна со све не па болница? Што се дешава во Штип? Што праите вие таму, за што плаќаме пола плата за здравствено за да си играте кафана? Организирате ли свадби и крштевки, еве да резервирам ако не за 15 луѓе маса за Водици, напрајте вие мафини во облик на крст па ќе ги фрламе во физиолошкиот раствор!

Народ умира ради вакви ко вас, поради еден дел неспособна багра собрана у здравство Нино шо ве толерира, ама народот ве плаќа да го лечите и да им ги гледате болните! Осет малку да имате, со луѓе работите! Има куп млади што седат без работа кои се би дале за работа во болница и би работеле многу посовесно!

Министерство имаш ли увид што се дешава по болнициве?“ вели во коментарот на фотографиите Ина Многуфина.

Според датумот на фотографиите може да се види дека оваа лумпување е зачестено. Прво си славеле на 30 декември, пред нова година, и после тоа на 13 јануари(си чекале стара нова година).

15977463_1241831792576806_564930445002501469_n 15977475_1241831802576805_6685850144137154703_n 16115057_1241831845910134_593161972614807098_n 15977871_1241831862576799_1546399469383031239_n 15977686_1241840419242610_6860941398679598859_n