(Фото) : Мислите дека сте на море, а всушност сте во Долно Дупени

0
1800

dupenibeach1

Ова место се наоѓа под селото Долно Дупени, на самата граница со Грција, покрај Преспанското езеро.

Огромната песочна плажа на Dupeni Beach изобилува со прекрасна природа, во која можете да уживате ова лето.

Во склоп на плажата функционира и Ресторантот Dupeni Beach, кој заедно со природните убавини, многу потсетува на тропските краишта низ светот, пишува Sky.mk.

dupenibeach2

Ресторантот нуди прекрасна скара, сендвичи, пијалаци, а во самиот ресторан има и продавница.

Во селото Д. Дупени постојат и места каде може да престојувате по ниски цени почнувајќи од 300 денари на ден.

Преспанската убавина исполнува и смирува, расположува и разнежува, подмладува и вдахнува, закрепнува и осмелува, силно привлекува и за себе трајно врзува, порачуваат од Dupeni Beach.

dupenibeach3dupenibeach4