(ФОТО) Министрите од ДУИ ги доставија оставките до премиерот Емил Димитриев

0
1115

Министрите од ДУИ денеска ги доставуваат оставките до премиерот задолжен за организирање на избори, Емил Димитриев, јавува „Мета“.

Од партијата на Али Ахмети денеска не сакаат дополнително да коментираат и се повикуваат на синоќешното соопштение.

Претседателството на Демократската унија за интеграција (ДУИ) вчера вечер во партиското седиште во Тетово донело одлука да ги повлече своите министри од Владата на Република Македонија и да ја испита политика на партијата во следните денови.

На состанокот, покрај одлуката за повлекување на министрите, партиското претседателство ги потврдило и ставовите дека лидерот Али Ахмети има потполно овластување да ги носи одлуките за натамошните чекори на партијата.

ademi-doreheqje

Фото: ТВ21